Раџа Наинголан се пожали на прекумерен индивидуализам во белгиската репрезентација.
„Мислам дека нашата репрезентација се повеќе личи на ПСЖ. Сите се феномени, сите главни ликови, премногу примадони. Исто беше и во ПСЖ. Сите сакаа да бидат главни. Затоа тоа и не функционира така“, изјави екс-репрезентативецот на Белгија.
Белгија овој месец го совлада Израел (3:1) и загуби од Франција (0:2) во натпреварите од Лигата на нации.