Полувреме: Шкупи води на Чаир, водство и за Работнички и Гостивар, Купанов префрлен во болница! (ВИДЕО)

312

Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 5. коло во ПМФЛ.

  • На супер дербито, кое се игра на Чаир, активна игра, а со голот на Канда во финишот на првиот дел, домашните водат со 1:0.

 

  • Со истиот резултат води и Гостивар против Вардар и тоа со голот на Алдаир.
  • Работнички против Тиквеш има водство од 1:0 со голот на Белица.
  • Во Битола резултатот е 1:1. Кехинде донесе водство за шампионот, но домашните израмнија во финишот на првиот дел.

  • Во Охрид домашната Воска и Силекс играат без голови. Во Струмица првото полувреме се продолжи за десет минути со оглед на повредата на главата на домашниот голман Купанов, кој беше префрлен во болница.

И на овој меч немаше голови.

ПретходноВо ужасна несреќа на патека во Германија: Загина мотоциклистот Лука Салвадори
СледноОдби да оди во Галатасарај, па Рома го исфрли од првиот тим