Во големото дерби на 4. коло од Премиер лигата, екипата на Арсенал успеа да го совлада Тотенхем на гости во лондонската пресметка со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Габриел во вториот дел од мечот.
Гледавме остар меч на двете страни, се играше претежно со посед на Тотенхем, а Арсенал се бранеше брилијантно и на крајот успеа по еден прекин да постигне гол и да ја задржи предноста до самиот крај за победа.
За менаџерот на домашните, Постекоглу, овој најнов пораз веќе почнува да прави проблеми. Арсенал се врати во ритам за самиот врв на табелата.