Во ужасна несреќа на патека во Германија: Загина мотоциклистот Лука Салвадори

661

Италијанскиот мотоциклист и познат Јутјубер, Лука Салвадори, го загуби животот во несреќа за време на трката на Меѓународниот друмски шампионат во Германија.

Салвадори починал по инцидент на патеката Фробург на 33-годишна возраст.

Од тимот на Бронкос, за кој настапуваше Салвадори, соопштија дека несреќата се случила во саботата, а Италијанецот им подлегнал на големиот број тешки повреди.

Во претходните сезони Италијанецот учествуваше во класата МотоЕ, беше познат како Јутјубер и вистински љубител на мотоциклизмот. Летово учествуваше на Светската недела на Дукати, кога имаше можност да се натпреварува на патеката, меѓу другите, со Франческо Бањаја, Марк Маркез и Хорхе Мартин.

ПретходноПјастри со втора победа во кариерата, Перез и Саинц се судрија на два круга пред крај
СледноПолувреме: Шкупи води на Чаир, водство и за Работнички и Гостивар, Купанов префрлен во болница! (ВИДЕО)