Австралискиот Ф1 пилот, Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Азербејџан која денеска се возеше во Баку.
На улиците на главниот град на Азербејџан видовме големо борба за победата во која на крајот Пјастри успеа да оддолее на сите напади на Шарл Леклер од Ферари и да дојде до првото место.
Финишот го одбележа непосакуваниот инцидент во кој беа вклучени Серхио Перез и Карлос Саинц. Најпрвин Серхио Перез го обиколи Леклер, Шарл се бранеше, а потоа Саинц се вмеша и излезе пред Перез, а за да не го заобиколи на крајот влијаеше и двајцата да завршат во ѕидот и така на два круга пред крајот и двајцата ја завршија неславно оваа трка.
SAINZ AND PEREZ CRASH OUT! 💥 pic.twitter.com/MfXCoZeLVN
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) September 15, 2024
Послендото место на победничкиот пиедестал среќно дојде за Џорџ Расел на Мерцедер, додека Ландо Норис кој возеше одлично на крајот финишираше како четврти. Светскиот шампион Макс Верстапен имаше лоша трка и заврши само на петтото место, Алонсо на Астон мартин беше шести, додека Албон на Вилијамс заврши седми, пред својот тимски колега Колапинто. Во ТОП 10 се најдоа и Луис Хамилтон на Мерцедес и одличниот возач на Хаас, Оливер Берман.