Работнички дома има три од три, денеска на Арената успеа со 3:1 да слави над Тиквеш. Па така сега четата на стратегот Горан Станиќ е на делба на првото место на табелата, заедно со Шкендија, и двата тима имаат по 11 бода.
По победата над кавадарчани, за “СпортСпорт“ свој коментар имаше стратегот на победничкиот тим Горан Станиќ:
“Мораме да бидеме задоволни, победивме одличен Тиквеш кој на 1:1 имаше и тоа како свои шанси. Гостинот не ги искористи, ние ги искоростивме нашите и затоа победивме. Добар натпревар, и двете екипи одиграа квалитетно. Честитки за нашиот тим, но искрени честитки и за четата на мојот колега Ѓорѓи Мојсов. Одиме натаму“ вели Станиќ.