Полскиот репрезентативец Никола Залевски е исфрлен од првиот тим на Рома, бидејќи одби трансфер во Галатасарај!
Управата на „римската волчица“ беше задоволна од понудата која за Полјакот ја доби од турскиот клуб во висина од 15 милиони евра, но Залевски кој првично се согласи да замине во Турција, пред сама финализација на трансферот се предомисли и одби да замине!
Ова предизвика гнев кај раководството, па веднаш беше отстранет од првиот тим.