ПМФЛ: Шампионот по победа во Битола, Работнички против “заспаниот“ Тиквеш, деби на Михаилов, Силекс на гости во Охрид

199

По двонедела пауза поради настапите на нашите репрезентации, денеска со мечевите од 5.коло продолжува шампионатот во ПМФЛ. Сите натпревари се играат од 15 часот а дури три во ист термин се играат во Скопје.

Дербито е на Чаир каде играат Шкупи и Шкендија, додека на “Борис Трајковски“ се среќаваат Гостивар и Вардар. Третиот меч во главниот град се игра на Арената “Тодор Проески“ каде Работнички го дочекува “заспанииот“ Тиквеш. Кавадарчани играат добро, креираат шанси, но немаат реализација и затоа тешко доаѓаат до бодови. Во изминатите четири кола од можни 12 бода освоија само 4.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Работнички пак игра одлично, досега е најпријатното изненадување во ПМФЛ. Има две победи дома и две ремија на гости. Дали против Тиквеш ќе дојде до три од три дома, ќе видиме. Во секој случај супер интересен меч не очекува.May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text

Струга ТЛ гостува во Битола. Шампионот не крие дека оди по трите бода, тоа е целта. Јасно е дека момците на стратегот Ќатип Османи максимално се мотивирани. Имаат одличен тим, само треба да одиграат како што треба против добриот Пелистер кој покажа дека има што да каже во ПМФЛ.

Горазд Михаилов ќе го има своето официјално деби на клупата на Брера денеска и тоа дома, и тоа против Беса. Струмичани се во серија од три порази по ред, моментално се последни на табелата, пред Михаилов е голем предизвик. Треба да го поправа се она што го направи неговиот претходник.

Воска во Охрид го дочекува Силекс. Кратовци немаат ни бод од гости досега, па затоа ако сакаат битка за висок пласман ќе мораат да освојуваат бодови и од гостински терен.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Скопје: Работнички – Тиквеш

Струмица: Брера – Беса

Битола: Пелистер – Струга ТЛ

Скопје: Шкупи – Шкендија

Охрид: Воска – Силекс

Скопје: Гостивар – Вардар

ТАБЕЛА

Шкендија 10, Струга ТЛ 9, Гостивар 8, Работнички 8, Силекс 6, Шкупи 4, Тиквеш 4, Воска 4, Беса 4, Пелистер 4, Вардар 3, Брера 3…

ПретходноУЕФА прави радикален чекор – Англија ќе остане без ЕП 2028!
СледноЃоковиќ: Ние Србите сме небесна нација, но народот почна да губи верба во тоа!