Се скарал со лекарите, па не оди на прегледи, Марсеј го суспендираше

167

Олимпик Марсеј го суспендираше Шансел Мбемба затоа што одбил да оди на лекарски преглед.

Според „Л’Екип“, дефанзивецот двапати не се појавил на медицински преглед, вклучително и на магнетна резонанца, кои му биле препишани по враќањето од настапите за репрезентацијата на ДР Конго.

Поради тоа, управата на клубот му испрати писмо во кое го извести за суспензијата, што може да резултира со раскинување на неговиот договор. Се нагласува дека однесувањето на играчот е предизвикано од влошување на односите со медицинскиот штаб на клубот, кое трае веќе неколку месеци.

ПретходноАрсенал „царува“ во Лондон, Габриел за три бода против Тотенхем (ВИДЕО)
СледноГостивар повторно предизвика инцидент, а Босанчиќ покажа каков мајстор е! (ФОТО)