Шкендија и натаму е лидер, Работнички си гази….еве како изгледа табелата по 5.коло!

1143

Многу борба, активна игра од двете страни, но на крај 1:1. Тоа е епилогот од денешното супер – дерби на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија. Со овој бод тетовци ја задржаа лидерската позиција со 11 бодови, а втор е Работнички со ист број бодови како и Шкендија но со нешто послаба гол разлика.

Секако дека допрва ќе се разгорува битката за највисок пласман, ама се чини дека исто како и минатата сезона, и во оваа ќе биде супер интересно посебно ако се знае дека по 5.коло дури пет екипи на врвот се со разлика од два бода.

А еве како изгледа табелата после 5.коло:

Шкендија 11, Работнички 11, Струга 10, Силекс 9, Гостивар 9, Брера 6, Шкупи 5, Пелистер 5, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4, Вардар 4 …

Треба да се каже дека само три екипи досега немаат пораз, а тоа се Шкендија, Работнички и Гостивар.

ПретходноЊукасл не знае за доста, го “архивираше“ и Вулверхемптон!
СледноНаполи го “торпедираше“ Каљари на негов терен!