Арсенал „царува“ во Лондон, Габриел за три бода против Тотенхем (ВИДЕО)

68

Во големото дерби на 4. коло од Премиер лигата, екипата на Арсенал успеа да го совлада Тотенхем на гости во лондонската пресметка со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Габриел во вториот дел од мечот.

Гледавме остар меч на двете страни, се играше претежно со посед на Тотенхем, а Арсенал се бранеше брилијантно и на крајот успеа по еден прекин да постигне гол и да ја задржи предноста до самиот крај за победа.

За менаџерот на домашните, Постекоглу, овој најнов пораз веќе почнува да прави проблеми. Арсенал се врати во ритам за самиот врв на табелата.

ПретходноМладеновска со први погодоци во Лигата на шампионите
СледноСе скарал со лекарите, па не оди на прегледи, Марсеј го суспендираше