Атлетико ја “реши“ Валенсија, “стрелаше“ и Алварез, Столе повторно само гледач од клупата! (ВИДЕО)

117

Атлетико Мадрид без некои посебни проблеми успеа со 3:0 да дојде до нови бодови. Речиси рутински триумф и освојување на трите планирани бода против “фенерџијата“ на табелата.

Најважно за “јорганџиите“ е што Хулиан Алварез конечно го постигна својот прв гол.

Исто и Галагер се рауваше на својот деби – гол за Атлетико, со што дојде до водство неговиот тим од 1:0 во 39.минута.

Во второто полувреме Гризман зголеми на 2:0 за да во 90+4.минута “експлозија“ на “Ванда Метрополитано“, скапото засилување Хулијан Алварез ги постави конечните 3:0 со својот прв гол за Атлетико.

Очекувано и на овој меч голот на Валенсија го бранеше Мамардашвили, а Столе Димитриевски остана на клупата.

ПретходноИнтер едвај до бод на гостувањето кај Монца!
СледноРеал остана без Брахим Диаз три месеци