Иако на терен беше само во првото полувреме во дресот на Трабзонспор на дербито со Бешикташ, нашиот капитен Енис Барди уште еднаш покажа каков фудбалски мајстор е. Се играше 17.минута кога прексрасно го изведе слободниот удар со топка која имаше очи што се вели, а неговиот соиграч Јокуслу постигна убав гол за водство од 1:0 и за еуфорија кај фановите на неговиот тим. Сепак Бешикташ израмни во 39.минута преку Фернандез за конечни 1:1.
Во паузата Барди беше повлечен од игра веројатно затоа што во 45+6.минута доби жолт картон. Инаку Трабзон играше со играч помалку речиси цел натпревар ако се знае дека во 13.минута Вишча доби директен црвен картон.
GOL! Okay Yokuşlu ! dk'15
Trabzonspor 1-0 Beşiktaş————–
Ana Sayfamızı takip edelim!@GOLAZOOSports#TSvBJK
Trabzonspor – Beşiktaş pic.twitter.com/akZD7Bvd3R— 6PAS Sports! (@6PasGoller1) September 15, 2024