ГРК Тиквеш се пофали со уште двајца нови ракометари! (ФОТО)

137

ГРК Тиквеш денеска се пофали со уште двајца нови ракометари, тоа и официјално го потврди на своите социјални мрежи. Станува збор за Никола Летиќ од БиХ, кружен напаѓач, има 20 години и игра за младата репрезентација на својата земја. Бил член и на некогашниот гигант Борац Бања Лука.May be an image of 1 person and text

Покрај него, кавадарчани го промовираа и Игор Кривокапиќ (31), среден бек кој исто така треба да биде засилување тимот на Тиквеш. Тој е интернационалец од Црна Гора, а досега има играно во клубови од својата земја, како и во Романија, Полска, БиХ, Израел.

ПретходноУ-15: Македонија со 2:1 ја совлада Ерменија
СледноОва е најголемото промашување во историјата на фудбалот! (ВИДЕО)