Штета, нашата најдобра тенисерка, не успеа да го освои Челинџерот во Љубљана откако попладнево во финалето во двојки, заедно со Џил Тајхман, беа поразени од Бранкацио и Гормаз и тоа со 2:1 во сетови. Се водеше голема борба во финалето, првиот сет го добија во тај-брејкот за водство од 1:0 во сетови. Вториот исто во тајбрејкот го добија Бранкацио и Гормаз кои и во третиот беа подобри за конечни 2:1 и за освојување на овој турнир во двојки.