Младата ракометна репрезентативка на Македонија, Ива Младеновска ги постигна своите први погодоци во Лигата на шампионите. Денеска во дресот на француски Брест, Младеновска беше стрелец на два гола во победата од 35:22 на гостувањето во Подгорица против екипата на Будуќност.
За францускиот состав ова е веќе втора победа во новата сезона на женското издание на Лигата на шампионите.