Наполи го “торпедираше“ Каљари на негов терен!

72

Каљари – Наполи 0:4 е епилогот од денешниот меч во рамките на 4.коло во Сериија А. Се гледа дека тимот на Антонио Конте почна да игра според посакувањата на фановите. Наполитанците уште во 18.минута дојдоа во водство од 0:1 со голот на Ди Лоренцо. Со тој резултат се замијна на пауза, а во второто полувреме, во период од четири минути од 66. до 70. Кцварацкелија и Лукаку ги постивија тие 0:3. Треба да се каже дека при голот на Кварадона токму Лукаку беше асистент, а на голот на Лукаку аисистираше Грузеиецот. Во последните секунди од средбата Бонџорно ги постави конечните 0:4.

Со овие три бода сега Наполи има 9 бода и се наоѓа на лидерската позиција на табелата, секако дека Интер допрва треба да го одигра својот меч со Монца.

ПретходноШкендија и натаму е лидер, Работнички си гази….еве како изгледа табелата по 5.коло!
СледноНено и Олимпија славеа против Виртус!