Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 5. коло во ПМФЛ.
- На супер дербито, кое се игра на Чаир, активна игра, а со голот на Канда во финишот на првиот дел, домашните водат со 1:0.
- Со истиот резултат води и Гостивар против Вардар и тоа со голот на Алдаир.
- Работнички против Тиквеш има водство од 1:0 со голот на Белица.
- Во Битола резултатот е 1:1. Кехинде донесе водство за шампионот, но домашните израмнија во финишот на првиот дел.
- Во Охрид домашната Воска и Силекс играат без голови. Во Струмица првото полувреме се продолжи за десет минути со оглед на повредата на главата на домашниот голман Купанов, кој беше префрлен во болница.
И на овој меч немаше голови.