У-15: Македонија со 2:1 ја совлада Ерменија

508

Младата селекција на Македонија до 15 години, на развојниот турнир на УЕФА, кој се одржува во Молдавија, денеска успеа со 2:1 да ја победи соодветната селекција на Ерменија.

Првиот гол падна во 24.минута кога по центаршутот на Адеми, Ерменците си постигнаа автогол за наше водство од 1:0. Во 62.минута Ерменија израмни на 1:1, додека победничкиот гол беше дело на Павлов во 86.минута од пенал. Инаку нашите надежи не успеаја да постигнат уште некој гол ако се знае дека имаа неколку изгледни шанси.

Вториот меч ќе го играме во вторник против Андора.

ПретходноБарди со супер асистенција на дербито со Бешикташ! (ВИДЕО)
СледноГРК Тиквеш се пофали со уште двајца нови ракометари! (ФОТО)