Тажна вест: На 18-годишен голман на Унион Берлин му беше ампутирана ногата

438
Фото: Унион Берлин/Твитер

На голманот на фудбалскиот клуб Унион Берлин, 18-годишниот Беркин Арсланогулари му беше ампутирана ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на коските, соопшти денеска германскиот клуб.

„И покрај сите обиди и хемотерапија, ракот не можеше да се победи, а за да се спаси неговиот живот, на Беркин мораше да му биде ампутирана ногата“, се вели во соопштението на сајтот на Унион Берлин.

Покрената е хуманитарна кампања за собирање пари за помош на Арсланогулари и неговото семејство да ги покријат трошоците за лекување.

Унион Берлин донираше за кампањата и ги повика сите свои фанови да го сторат истото.

Арсланогулари беше член на јуниорските категории на Унион Берлин, а за првиот тим дебитираше на пријателскиот натпревар против Магдебург.

ПретходноАнчелоти: Неподносливо е она што му се случува на Винисиус
СледноНејмар ги предупредил Бразилците во Реал за Мбапе