И дефинитивно Ѓорѓе Ивковиќ е главниот фактор за победа на тимот на Брера Струмица. Кога тој игра и дава голови тогаш и неговиот тим победува. Вчера против Беса интернационалецот од Србија беше одличен,постигна два гола и му донесе триумф од 3:2 на струмичкиот состав. Па затоа е и играч на 5.коло според “СпортСпорт“.
Покрај него во тимот на колото се и Стевковски (Струга ТЛ), Белица и Данев (Работнички), Кочоски и М. Ѓорѓиевски (Силекс), Ристевски и Серафимовски (Пелистер), Канда (Шкупи), Босанчиќ (Вардар), Цаке (Шкендија).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЃОРЃЕ ИВКОВИЌ
Тим: Брера Струмица
Роден: 06.03.1996 во Србија
Кариера: Колубара, Турбина, Јединство Уб, Бежанија, Слобода Ужице, Спартак, Анкаран, Телеотик, Ушче, Сингелиќ, Раднички Срем, Златибор, ИМТ Белград, Акжијак, Љачи, Брера Струмица