ФОТО СТОРИЈА: Вака во Вардар се прославуваше голот на Немања! (ФОТО)

831

Се играше 85.минута, резултатот е 1:0 за Гостивар а Вардар има слободен удар на околу 18 метри од голот на “домашните“. Се знае кој ќе шутира иако околу топката имаше уште двајца вардарци, сите знаеја дека тоа ќе биде Немања Босанчиќ, кој го играше првиот свој меч за Вардар.

И така и беше, Немања маестрално го изведе слободниот удар и постигна спектакуларен гол за 1:1, за бод за Вардар.

Следуваше голема радост на вардарци, посебно еуфоричен беше Влатко Колев еден од асистентите на шефот Срѓан Захариевски кој просто ќе го „угушеше“ Србинот.

На крајот капитенот Мицевски му се насмеа, како да сакаше да му каже на Немања дека во Вардар вака се прославуваат головите.

А кутриот Немања, можеби ќе размисли дали другпат ќе даде гол или пак ако даде ќе бега од Колев, нема друго.

Еве како сето тоа изгледаше низ призмата на фотографот на “СпортСпорт“:No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноНБА кошаркар ја навредуваше Евролигата па се извинуваше
СледноБарселона го „блиндира“ Јамал – му спрема супер договор!