Барселона има вистински вондеркинд во своите редови, а тоа е Ламин Јамал. Момчето кое се претвори во нова ѕвезда на клубот привлекува внимание, а каталонскиот клуб со него има големи планови.
Јамал има договор до 2026 година и откупна клаузула од една милијарда евра. Но тоа не е доволно, договорот ќе се модифицира и Јамал ќе добие „супер договор“ кога ќе наполни 18 години.
Спсоред информациите на „Марка“, кога ќе стане полнолетен, Јамал ќе стави потпис на нов договор до 2030 година. Моментално заработува 1,5 милиони евра годишно, а со новиот договор ќе биде многу поголема во однос на сегашната.