Барселона подготвува нов договор за Јамал, се чека само да наполни 18 години

110

Барселона ќе му понуди нов договор на Ламин Јамал. Весникот „Марка“ открива дека следното лето, кога Јамал ќе наполни 18 години, каталонскиот клуб ќе потпише нов договор со крилниот напаѓач до 2030 година со значително подобрени услови „што одговараат на вредноста и перформансите на играчот“.

Забележано е дека платата на Јамал се планира да се зголеми уште оваа сезона, а и клубот и агентот на играчот ја разбираат потребата да се подобрат финансиските услови од договорот.

Моментално платата на Јамал е околу 1,5 милиони евра годишно, без бонуси.

Барселона сака да ги продолжи договорите и на Фермин Лопез, Гави и Кубарси.

ПретходноЕвролигата воведува „ограничување на платите“ како во НБА
СледноКомеморацијата за легендарниот Лазар Лечиќ ќе се одржи на 21 септември