Евролигата воведува „ограничување на платите“ како во НБА

114

Евролигата, исто како и НБА, ќе воведе нова финансиска регулатива со „ограничување на платите“ и данок на луксуз. Екипите со А лиценца ќе треба да потрошат минимум 32% од просечно заработените пари во последните две години, а данокот на луксуз ќе го плаќаат доколку надминат 40% од потрошените пари во согласност со заработката.

Овие нови практики ќе стапат во сила од сезоната 2027/28. Преодниот рок започнува од сезоната 2024/25, односно претстојната кога клубовите ќе треба да се прилагодат на новите прописи и да го мерат напредокот во следните две сезони до официјалното стапување на сила на правилникот.

Според информациите ќе има три нивоа на плата: ниска, основна и висока.

ПретходноБукмејкерите излегоа со прогнози: Кои се фаворитите за освојување на ЛШ?
СледноБарселона подготвува нов договор за Јамал, се чека само да наполни 18 години