Епското промашување на Спахиу, па после тренерот ќе биде виновен! (ВИДЕО)

3101

Тиквеш игра добро, креира шанси, но на пет средби има постигнато само три гола, исто како и Пелистер, а на тие пет меча релно имаше барем 10 зицери, ако не и повеќе. Реализацијата е катастрофа, да се постигне гол за играчите на Тиквеш е мисловна именка.

И затоа се таму кај што се по ова 5.коло, со само 4 бода се на 10. место на табелата.

Едиз Спахиу до пред некој месец блескаше, беше еден од главните играчи на кавадарчани, даваше голови како од шега, но вчера на Арената во Скопје на 1:0 за Работнички во таа 60.минута се посрамоти, го имаше можеби најголемото промашување во историјата на ПМФЛ.

Се добро направи, го мина и домашниот голман и кога сите помисливме еве гол за Тиквеш за 1:1, Спахиу ја шутна топката над голот иако беше непречен од никого.

Епско промашување, па потоа тренерот ќе биде виновен. Што треба, зарем треба Ѓоко Мојсов да влезе на терен и да дава голови?

Погледнете што промаши Спахиу:

ПретходноБарселона го „блиндира“ Јамал – му спрема супер договор!
СледноКоментар на 5.коло: Срле го буди Вардар, на Чаир без победник, Данев е новиот бисер на Работнички…