НБА кошаркар ја навредуваше Евролигата па се извинуваше

152

Хуан Тоскано Андерсон, американски кошаркар со мексиканско потекло настапи во тимот на развојната лига на НБА во поразот од шпанската Уникаха во ФИБА Интерконтиненталниот куп во Сингапур.
Нашата цел не е да играме во е**** АЦБ лига, нашиот сон не е да играме во е**** Евролига, нашиот сон е да играме во е**** НБА лига, да заработиме стотици илјади и милиони долари. Ова с**** што ни го прават е срамота и е неприфатливо. Мораме да го свртиме овој меч“, викаше Тоскано-Андерсон со цел да ги разбуди играчите на тој меч.

По убедливиот пораз, тој се извини.
Го разбирам нивото на таленти и конкуренција во споменатите лиги. Ова не требаше да биде нак на непочитување кон тие играчи и тие лиги. Само сакав да ги потсетам играчите дека НБА лигата е најдобра на светот и дека морате да играте најдобра кошарка ако сакате да бидете таму“, изјави Андерсон.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Вардар)
СледноФОТО СТОРИЈА: Вака во Вардар се прославуваше голот на Немања! (ФОТО)