Нејмар ги предупредил Винисиус и Родриго: Играњето со Мбапе во ист тим е пекол!

788

Новинарот Сирил Ануна објави интересна преписка меѓу Нејмар и неговите колеги од бразилската репрезентација во екипата на Реал (М), Винисиус Жуниор и Родриго. Како што тврди Ануна, Нејмар уште по првите информации дека Мбапе ќе дојде во Реал им напишал на Вини и Родриго да очекуваат еден многу тежок период.

„Нејмар им напиша на Бразилците дека играњето со Мбапе во ист тим е катастрофа и пекол“, изјави Ануна.

Не е тајна дека Мбапе не беше во добри односи со Нејмар од времето кога и двајцата го носеа дресот на ПСЖ.

ПретходноПроблем за Барса: Без Олмо на мечот со Монако во ЛШ
СледноУ17: Две победи и пораз на меѓународниот турнир во Италија