Пресврт на Удинезе за „десетка“ и врвот во Серија А

63

Екипата на Удинезе победи со 3:2 на гостувањето кај Парма во петтото коло од Серија А. Гостите дојдоа до триумфот благодарение на големиот пресврт во вториот дел.

Парма со головите на Дел Прато во втората минута по корнер и Бони во 43. минута поведе со 2-0. Лоренцо Лука со глава во 49. минута зголеми на 2:1. Израмни Флоријан Тувин во 69. минута, истиот фудбалер го постигна својот втор гол на натпреварот за 3:2 и триумф.

Удинезе по пет кола е првопласиран во Серија А со десет бода, искористувајќи го нерешениот резултат на Интер со Монца (1:1).

ПретходноНовак Ѓоковиќ запеа на бугарски јазик (ВИДЕО)
СледноЏирона го најави Македонецот: Бојан е подготвен!