Проблем за Барса: Без Олмо на мечот со Монако во ЛШ

101

Новото засилување за Барселона во средниот ред, Дани Олмо, повторно има проблем со повреда. Како што објави весникот „Ас“, Олмо би можел да оди на рехабилитација најмалку 10 дена поради проблеми со тетивата.

Олмо се повреди на натпреварот против Џирона вчера, каде постигна еден од четирите гола во победата на неговата екипа. Шпанецот беше во стартниот состав и постигна гол во 47. Минута, по што беше заменет поради повредата во 61. минута.

Поради повредата, Олмо може да пропушти два меча на Каталонците, од кои едниот е средбата од Лигата на шампионите со Монако, а вториот меч од првенството против Виљареал.

ПретходноМихаилов по првата победа на клупата на Брера: Задоволен сум, иако ќе поработиме на некои грешки
СледноНејмар ги предупредил Винисиус и Родриго: Играњето со Мбапе во ист тим е пекол!