Во среда се играат дванаесет мечеви од 1/16 финалето во Купот на Македонија, другите три се закажани за 2 октомври. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата во оваа фаза од Купот. Па така Сашко Ристов од Струмица е делегиран за главен судија на средбата во Новаци каде што се среќаваат истоимениот тим и скопски Вардар.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за 1/16 финалето во Купот на Македонија:
ДВОЈКИ И СУДИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА – 18.09.2024 – 15 Ч)
Тетово: Џепчиште – Шкупи (Јордан Јовановски – Гевгелија)
Гевгелија: Кожув – Аресими (Никола Петковски – Куманово)
Струмица: Вардар (Н) – Брера (Дејан Младеновски – Скопје)
Битола: Јени Маале – Шкендија (Здравко Костовски – Штип)
Скопје: Слободен – Брегалница (Пларент Салихи – Тетово)
Охрид: Охрид – Беса (Марјан Стојановски – Кичево)
Скопје: Шкендија (А) – Работнички (Дарко Котевски – Битола)
Карбинци: Карбинци – Силекс (Дени Лековски – Битола)
Велес: Борец – Детонит (Борче Павловиќ – Скопје)
Виница: Слога (В) – Струга ТЛ (Ангел Гелов – Кавадарци)
Скопје: Скопје – Пелистер (Игор Иванов – Велес)
Новаци: Новаци – Вардар (Сашко Ристов – Струмица)
02.10.2024 (14 Ч)
Прилеп: Победа – Гостивар (Фатмир Бафто – Охрид)
Струмица: Беласица – Македонија ЃП (Ангелчо Ристов – Неготино)
Куманово: Башкими – Воска (Кирил Смоквоски – Прилеп)