На голманот на фудбалскиот клуб Унион Берлин, 18-годишниот Беркин Арсланогулари му беше ампутирана ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на коските, соопшти денеска германскиот клуб.
„И покрај сите обиди и хемотерапија, ракот не можеше да се победи, а за да се спаси неговиот живот, на Беркин мораше да му биде ампутирана ногата“, се вели во соопштението на сајтот на Унион Берлин.
Покрената е хуманитарна кампања за собирање пари за помош на Арсланогулари и неговото семејство да ги покријат трошоците за лекување.
Унион Берлин донираше за кампањата и ги повика сите свои фанови да го сторат истото.
Арсланогулари беше член на јуниорските категории на Унион Берлин, а за првиот тим дебитираше на пријателскиот натпревар против Магдебург.
Berkin braucht uns, Unioner ❤️🩹
Berkin Arslanogullari kämpft aktuell gegen Knochenkrebs – hier könnt ihr ihn und seine Familie unterstützen.#fcunion
— 1. FC Union Berlin (@fcunion) September 16, 2024