У17: Две победи и пораз на меѓународниот турнир во Италија

89

Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа две победи и еден пораз на меѓународниот турнир што се одржа во Италија во периодот од 11 до 15 септември.

Во рамките на првото коло од турнирот, нашите млади фудбалерки во еден интересен и возбудлив натпревар забележаа победа со минимални 3:2.

Во вториот натпревар, против селекцијата на Албанија, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да издвојува нова победа со 6:4.

Во последниот меч против домаќинот Италија, забележавме убедлив пораз со 3:0.

Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на меѓународниот турнир во Италија.

ПретходноНејмар ги предупредил Винисиус и Родриго: Играњето со Мбапе во ист тим е пекол!
СледноИџе победник на Европскиот шампионат на ридски патеки во група 1