Реал Мадрид во вторник од 21 часот го игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Штутгарт. Тренерот на мадридскиот тим Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот. На неа, меѓу другото, зборуваше и за својот играч Винисиус Жуниор.
Бразилскиот крилен напаѓач често се жали на однесувањето на шпанските навивачи кои го исвиркуваат и предупредува на расизам во таа земја. Минатиот викенд беше стрелец во победата на Реал на гости кај Реал Сосиедад (0:2). Тој постигна гол од слободен удар, а потоа го прослави голот ставајќи го прстот на усните, покажувајќи дека сака да замолчи некого.
„Тоа е реакција на грдите ситуации кои му се случиле многу пати. Постојано е навредуван, никој не може да издржи, па ни јас. Нормално е што го става прстот на усните со оглед на се што се случува. Она што му се случува на Винисиус со години е неподносливо.
Треба помалку да се фокусираме на овој млад човек, а повеќе на она што се случува на стадионите. Мислам дека навивачите го прават тоа затоа што Винисиус може да им се заканува во спортска смисла, па сакаат да го исфрлат од рамнотежа во текот на натпреварот“, коментираше Карлос Анчелоти.