Англискиот дефанзивец Крис Смолинг го имаше најлошото дерби на еден англиски фудбалер за нова екипа.
Смолинг премина во Ал Феиха од Саудиска Арабија пред неколку недели, а дебито го имаше во 3.коло во кое неговата екипа беше домаќин на Ал Раед.
Ал Феиха загуби со 0:5 што е нивен највисок пораз во Суперлигата на Саудиска Арабија, а Смолинг го отвори резултатот со автогол во 6. минута. Во 55 минута тој доби директен црвен картон. Неговата екипа во тој момент губеше со 0:3, а до крајот прими уште два гола.
Ал Феиха е последна на табелата со сите три порази и гол разлика 1:10.
Emphatic finish here from Chris Smalling. Got sent off later as well. What a debut #OG pic.twitter.com/Cn6feocUin
— The Own Goal Zone (@OwnGoalZone) September 15, 2024