Нејмар ги предупредил Бразилците во Реал за Мбапе

322

Бразилската ѕвезда Нејмар ги предупреди своите сонародници во Реал Мадрид дека новото засилување Килијан Мбапе е вистински „пекол“ и „катастрофа“, пишуваат медиумите во Европа, повикувајќи се на бразилскиот новинар Сирил Хануна.

Капитенот на Франција и Нејмар беа соиграчи во Пари Сен Жермен шест години помеѓу 2017 и 2023 година, со вкупно 136 настапи заедно и четири титули во Ла Лига. Долго време го сочинуваа главното напаѓачко дуо на тимот, а подоцна и напаѓачко трио по доаѓањето на Лионел Меси. Сепак, во различни периоди имаше информации дека има тензија помеѓу Нејмар и Мбапе.

„Бразилците во Реал Мадрид се пријатели со Нејмар, а меѓу него и Мбапе секогаш имало војна. Нејмар им испрати различни информации за него, велејќи им дека да се биде соиграч со него е вистинска катастрофа и пекол“, рече Хануна.

На Сантијаго Бернабеу има сериозна колонија на претставници на Бразил во името на Едер Милитао, Винисиус, Родриго и Ендрик.

ПретходноТажна вест: На 18-годишен голман на Унион Берлин му беше ампутирана ногата
СледноЛацио се врати на победничките патеки