Новак Ѓоковиќ победи во натпреварите од Дејвис купот за Србија, но на сите им откри кој е неговиот план до крајот на кариерата. Тој истакна дека планира да игра на Гренд слемовите, за репрезентацијата, но и да им се оддолжи на некои пријатели. Затоа ќе играат егзибициски натпревари во Софија и Буенос Аирес.
„Григор дојде овде да игра на Јадранската турнеја, а јас никогаш не сум играл во Бугарија. Хуан Мартин Дел Потро се збогува на егзибициски меч и тој е фантастично момче. Ќе биде феноменално искуство да се биде дел од неговото збогување“, рече Ѓоковиќ и ги изненади сите кога рече дека не му е важно дали ќе биде дел од завршниот Мастерс оваа сезона.
Новак уште пред да замине да игра тенис во Бугарија, стапил во контакт со Григор Димитров. Тој тоа го потврди на на социјалните мрежи каде може да се види како пее бугарска народна песна. Станува збор за бугарската пејачка Камелија, а песната е „Луда по тебе“.
🇷🇸🇧🇬 | Novak Djokovic’den “Luda po tebe” performansı.pic.twitter.com/fDlj7DQlt8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) September 16, 2024