Рабио велеше дека никогаш не би играл за Марсеј, а сега потпиша за нив

189

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио ќе се врати во татковината и ќе игра за Олимпик Марсеј, тоа го соопшти клубот од „Велодром“ на социјалните мрежи. Клубот постигнал договор со играчот и во наредните денови ќе биде комплетирана зделката.
Рабио, кој претходно беше играч на Пари Сен Жермен, а потоа играше за Јувентус, доаѓа на „Велодром“ како слободен играч откако летово му истече договорот со „Старата дама“.

Интересно, во 2013 година ПСЖ сакал да го испрати на позајмица во Марсеј за поголема минутажа, но тој не сакал да чуе за такво нешто.
„Да го носам дресот на Марсеј? Никогаш во животот! Тоа е невозможно“, изјавил тогаш Рабио.
Rabiot en 2013 : « Aller jouer à Marseille ? C’est inconcevable. ».

Марсеј имаше одличен трансферен преоден рок, а на кормилото го донесе Роберто Де Зерби, па со Рабио ќе има уште појак тим. Во моментов Марсеј е втор на табелата во Лига 1 со три победи и едно реми во четирите меча.

ПретходноСудии за Куп: Сашко Ристов ќе го суди мечот Новаци – Вардар!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 5.КОЛО: Ивковиќ “тресе“, Брера победува