Реал Мадрид заврши важен потпис

806
Фото: Ферланд Менди/Инстаграм

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди постигна договор со клубот и ја продолжи соработката. Договорот на Менди истекуваше следното лето, но клупските челници успеаја да го убедат да ја продолжи соработката.

Како што пренесува шпанска „Марка“, францускиот дефанзивец постигнал договор со клубот за продолжување на соработката на уште две сезони до летото 2027 година.

Менди на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред пет години, требаше време да се адаптира, имаше проблеми со повреда, но прерасна во еден од најважните дефанзивци во тимот на шпанскиот великан.

Останува само официјалната потврда која се очекува во наредните денови.

ПретходноИ официјално: Интер и Аслани до 2028 година!
СледноГвардиола го „плаши“ Артета: Се чувствувам слабо