Скандал во Милан: Поради синот, Ибрахимовиќ го избркал тренерот на младинскиот тим

4687

Златан Ибрахимовиќ сигурно е една од најконтроверзните личности во фудбалот, а сега е директор во Милан и носи важни одлуки. Италијанските новинари откриваат дека Игнацио Абате, кој работи со младинскиот тим, добил отказ по одлука на Швеѓанецот.
Според „Ла Република“, Абате минатата сезона не сакал да го игра синот на Златан, Максимилијан во Примавера, поради што добил отказ.
Официјално, Абате ја истера сезоната, а потоа изјави дека си заминува не објаснувајќи поради кои причини. Според медиумите причината била токму поради Ибрахимовиќ. A од Милан си заминал и таткото на Ингасио Абате, Бенџамино откако без претходен разговор и предупредување бил префрлен од позицијата тренер на голманите во младинскиот тим во тренер на голманите на женскиот тим.

Абате моментално е тренер на третолигашот Тернана, а синот на Златан добива повеќе минути во младинскиот тим на Милан.

ПретходноОпштина Велес: Проектот на ФФМ нема технички прием!
СледноСудии за Куп: Сашко Ристов ќе го суди мечот Новаци – Вардар!