Џирона го најави Македонецот: Бојан е подготвен!

1223
Фото: Џирона/Твитер

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски со нетрпение го чека својот настап во Лигата на шампионите како член на Џирона. Нашиот фудбалер во среда заедно со шпанскиот тим се гости кај ПСЖ.

Миовски, но и Џирона ќе испишат историја во Париз, ова ќе биде нивни прв настап во најсилното европско клупско натпреварување.

На социјалните мрежи од клубот го најавија и своето ново засилување.

„Бојан е подготвен“, пишаа од Џирона, додавајќи го македонското знаме во описот.

ПретходноПресврт на Удинезе за „десетка“ и врвот во Серија А
СледноАнчелоти: Неподносливо е она што му се случува на Винисиус