ЛШ: Струмица VS Олимпијакос, меч за одбојкарско уживање…

109

Денеска Струмица е во епицентарот на спортските збиднувања во Македонија. Прво младинците на Брера играат во младинската ЛШ од 15 часот, а вечерва од 19 часот во салата “Парк“, одбојкарите на Струмица се среќаваат со Олимпијакос во квалификациите во одбојкарската Лига на Шампиони.

Секако дека вечерва тоа ќе биде одбојкарски спектакл. Македонскиот шампшион на мегдан со силниот Олимпијакос, тоа ќе биде дуел за одбојкарско уживање.

Јасно е дека Струмица предводена од тренерот Кире Ричлиев е пред голем предизвик, немаше среќа во ждрепката, но исто така јасно е дека засилениот македонски шампион ќе стори се што може во моментов за да се дојде до што подобар резултат.

Најголема желба на нашиот шампион е во што подобро светло да се претстави во елитата, да покаже дека има квалитет и знаење и дека не бидајала е шампион на својата земја.

Се очекува и поддршка од трибините, билетите веќе неколку дена се продаваат по 100 денари.

Време е за спектакл!

ПретходноМитревски пред дуелот со Фуксе Берлин: Очекувам полна сала и поддршка од “Чкембарите“!
СледноСтартува новата ЛШ, Реал Мадрид ја брани круната, вечерва Ристовски и Адеми на гости кај Баерн!