Иако има само 18 години, Ендрик преку социјалните мрежи објави дека се оженил со својата девојка Габриеле Миранда, инаку пет години повозрасна од него. Секако дека ова ја изненади јавноста во Бразил и Шпанија, а посебно беа изненадени во Реал Мадрид.
Но тој шок како да беше малку, па сега излегоа на виделина сите детали околу договорот кој мега – ѕвездата на Реал Мадрид го потпишал со својата сега веќе сопруга.
Неговите родители се гневни и ја обвинуваат својата снаа дека таа негативно влијае врз него.
Инаку детали од договорот изнесол самиот Ендрик. Најголем проблем е тоа што ако некогаш се разделат, тој треба да и плати и не така мала сума на пари.
Останатотите ставки од договорот се бизарности, кои може да ги смисли само млад човек како Ендрик.