Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ го напушти Хајдук и веќе е во потрага по нов клуб, а последните информации говорат дека е во преговори со холандскиот шампион ПСВ Ајндховен.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо ексклузивно најави дека клубот од „Филипс“ стадионот работи на потписот на Хрватот.
Се споменуваа Комо и Монца, па дури и Барселона но ништо од тоа, па како слободен играч може да оди во ПСВ.