Јувентус и Астон Вила тргнаа со победи во ЛШ

126

Италијанскиот Јувентус и англискиот Астон Вила тргнаа со победи во новоформираната Лига на шампиони. „Старата дама“ на свој терен го совлада холандскиот шампион ПСВ со 3:1, додека Астон Вила славеше на гостувањето кај Јанг Бојс со 3:0.
Јуве по 27 минути имаше предност од два гола. Во 21 минута стрелаше Кенан Јилдиз (ВИДЕО) кој со 19 години и 136 денови е најмладиот играч на Јуве со гол во ЛШ соборувајќи го претходниот рекорд на Алесандро Дел Пјеро кој на 13 септември 1995 година против Борусија Дортмунд стрелаше на 20 години и 308 денови.
Шест минути подоцна зголеми Мекени (ВИДЕО) кој одбиената топка ја смести во мрежата. Во 52 минута на асистенција на Влаховиќ, Нико Гонзалез излезе сам пред голманот и го совлада (ВИДЕО).

Во Берн, Астон Вила триумфираше над домашниот Јанг Бојс. По првото полувреме со головите на Тилеманс и Џејкоб Ремзи, тимот од Бирмингем поведе со 2:0. На Англичаните им поништија два гола (на Воткинс и Дуран) поради играње со рака, а во 86 минута Онана ги постави конечните 3:0.

ПретходноХоландскиот шампион во преговори со Иван Перишиќ
СледноСлавниот Капело им кажа на “кралевите“: „Самите треба да си признаете“!