“Бомба“ од Истанбул: Марјановиќ се договори со Фенербахче!

171

Бобан Марјановиќ е “бомбата“ на Фенербахче. Попладнево пристигнуваат вести од Истанбул дека се е готово, дека високиот 224 см центар и довчерашен НБА кошаркар и репрезнтативец на Србија, веќе има договор со гигантот од Босфорот. Оваа вест ја потврдил и менаџерот на кошаркарот.

Интересно е тоа што Србинот во последните неколку денови интензивно преговараше со Бешикташ, исто така гигант од Истанбул, но веројатно некои работи во меѓувреме се промениле, па сега само останува само да се прецизираат деталите и Фенер да го промовира Бобан Марјановиќ кој во НБА настапуваше во повеќе клубови.

ПретходноРеал Мадрид тргнува по Родри?!
СледноОфицијално: Луис Кастро доби отказ, Роналдо ќе има нов тренер!