ЛШ: Баерн со деветка го испрати Динамо, Ливерпул триумфално на „Сан Сиро“

791

Ефикасни шест натпревари од 1 коло во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ во Минхен се соочија Баерн Минхен и Динамо Загреб, а домашните славеа убедлива победа од 9:2. Динамо е првата екипа која примила девет гола на еден меч во ЛШ.

„Модрите“ за кои од првата минута играше капитенот Стефан Ристовски беа изгубени во првото полувреме затоа што ниту еднаш не стигнаа до голот на противникот. А Баерн имаше два поништени гола, а притоа даде три.
Баерн имаше десет удари од кои три завршија во голот. Во 16 минута по одлична акција, Гнабри погоди но голот беше поништен поради претходен офсајд. Во 19 минута Хари Кејн од пенал погодува (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 33 минута Гереиро со вистинско торпедо ја смести топката зад грбот на голманот на Динамо (ОВДЕ). Пет минути подоцна Мишел Оли зголеми на 3:0 (ОВДЕ).
На стартот на второто полувреме Динамо покажа мускули и со два брзи гола преку Петковиќ и Огивара го намалија резултатот на 3:2. Но потоа следуваше потоп. Хари Кејн зголеми на 4:2, па поништен гол на Кејн поради офсајд. На гол на Олис за 5:2, од 73 до 78 минута Хари Кејн два пати погоди од пенал. Во 85 минута и нововлезениот Лирој Сане ја затресе мрежата на Динамо, потоа и Горецка за конечни 9:2.
Аријан Адеми влезе во 78 минута само да биде дел од фијаското на хрватскиот првак на овој меч.

На другите натпревари Ливерпул направи пресврт и води со 3:1 на „Сан Сиро“ против Милан. „Росонерите“ рано дојдоа во предност преку Пулишиќ, но до крајот на првиот дел Конате и Ван Дајк со удари со глава направија пресврт. Во второто полувреме погоди и Собослаи за конечни 3:1.

Реал Мадрид со гол во финишот славеше над Штутгарт со 2:1. Мбапе отвори во 46 минута, изедначи Ундав во 68 минута. А во 83 минута Антонио Ридигер со глава ја смести топката во голот за победа на бранителот на европската титула.

Спортинг со 2:0 го победи Лил, а претходно Јувентус – ПСВ 3:1, а Јанг Бојс – Астон Вила 0:3.

 

Динамо Загреб е на пат да доживее вистинско фијаско на „Алијанц арена“ во Минхен затоа што губи со 3:0 од Баерн Минхен. Не само што „баварците“ ја наполнија мрежата на хрватскиот првак туку се чини дека до крајот ќе им дадат уште некој гол. Гостите не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол (надвор или во рамките на гол), не изведоа ниту еден корнер, со други зборови не се ни доближија до шеснаесетникот.
Баерн имаше десет удари од кои три завршија во голот. Во 16 минута по одлична акција, Гнабри погоди но голот беше поништен поради претходен офсајд. Во 19 минута Хари Кејн  од пенал погодува.

Во 33 минута Гереиро со вистинско торпедо  ја смести топката зад грбот на голманот на Динамо. Пет минути подоцна Мишел Оли зголеми на 3:0 .
На другите натпревари Ливерпул направи пресврт и води со 2:1 на „Сан Сиро“ против Милан. Спортинг води со Лил 1:0. Реал Мадрид и Штутгарт се 0:0 на полувреме. Гостите погодија пречка, а на домашните им беше досуден па по реакција на ВАР поништен пенал.

ПретходноДејви Класен трет пат во Ајакс
СледноТоа е легенда – Пандев со Интер летна во Манчестер