ЛШ: Јуниорите на Брера со гол од пенал во 90+5.минута, избегнаа пораз!

277

Брера – Сараево 2:2 е епилогот од првиот меч во квалификациите во младинската Лига на Шампионите. Инаку ова беше деби меч за младите струмичани во ова натпреварување кој се одигра попладнево на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица.

И покрај ова реми, јасно е дека шансите за минување во следната рунда не се целосно загубени ако се знае дека реваншот се игра во Сараево на 2 октомври.

Иако се посакуваше победа, иако избраниците на тренерот Ѓорѓе Стојчев влегоа со победнички мисли, сепак мечот заврши без победник, а струмичани се спасија од пораз со гол во 90+5.минута и тоа на Мартин Ѓоргиевски откако претходно резултатот гласеше 1:2.

Сараево дојде во водство во 37.минута со голот на Поповиќ. На 0:2 зголеми Плочо од пенал во 69.минута.

И тогаш на сцена стапи Мартин Ѓоргиевски, кој прво во 76.минута стрелаше за 1:2, за да во петтата минута од судиското продолжение ги постави конечните 2:2 и тоа од пенал.

На овој меч срумичани настапија во следниот состав: Диковски, Митев, Стојлески, Кесиќ, Велков, Андоновским, Аризанковски, Спасов, Ристов, Ѓоргиевски, Ристовски. Играа уште и: Талески, Перески, Кузмановски, Шаренковски.

ПретходноУбава вест од Србија: Симаниќ по животната драма, потпиша официјален договор со нов клуб!
СледноРеал Мадрид тргнува по Родри?!