Мбапе не сака да го допираат по глава, но на Модриќ не смее да му каже збор!

4034

Килијан Мбапе конечно дојде во Реал летово, откако тој клуб се обидуваше да го доведе буквално седум години. Најдолго бараната и најочекуваната суперѕвезда во историјата на најголемиот клуб секоја секунда е под лупа откако дојде во Реал.

Така беше и викендот на гостувањето кај Реал Сосиедад во петтото коло од Ла Лига. Камерите во тунелот на стадионот во Сан Себастијан го забележаа моментот кога Мбапе седеше на скалите пред да излезе на теренот, а Лука Модриќ го тапкаше по глава додека минуваше.

Овој гест на легендата на Реал кон 14 години помлад соиграч стана вирален. Фановите на Мбапе истакнуваат дека не му се допаѓа кога така му се допира главата. Но овој пат издржа.

ПретходноСкандалозно: Хаварисаниот Мерцедес на ФФМ се појави во Велес
СледноВо Фуксе Берлин претпазливи: Пелистер е опасен противник, во Битола не чека „пеколна“ атмосфера!