По добриот настап и пораз во Париз од ПСЖ на стартот од новата сезона во ракометната Лига на Шампионите, Пелистер утре со почеток од 20:45 часот пред своите фанови во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ го дочекува составот на Фуксе Берлин во меч од 2.коло во групата – А.
Очекувањата и не се така мали, се посакува добра игра, добро издание на свој терен и секако добар резултат. Во пресрет на утрешниот меч со германскиот тим, свој коментар има голманот Никола Митревски:
“Можам да кажам дека подготовките одат во најдобар ред. Ни доаѓа вицешампионот на Германија, тим кој е еден од најсилните во Европа, но тоа за нас е и нова шанса за докажување. Во оваа сезона во ЛШ ова ќе биде прв меч на домашен терен, очекувам полна сала и голема поддршка од нашите фанови, пред се од „Чкембарите“. Со нивна помош ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот напревар“ посочи Митревски.